Петар Печков
Објавено: петок, 21 октомври 2011
Македонската репрезентација во футсал, со победа стартуваше во претквалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Тајланд. Тие вечерва во Велес со 2:1, полувреме 1:0, ја совладаа селекцијата на Црна Гора. Во цврст натпревар, во која и двете екипи повеќе внимаваа на сопствениот гол, Македонија поведе со голот на Јовановски во 12-тата минута.
Со тој резултат се отиде на полувреме а на 26 зголеми Љубомир во 26-тата минута. Црногорците преку Вукчевиќ во 36-тата намалија на 2:1, но набргу стрелецот мораше да ја напушти играта поради црвен картон и исклучување, па со тројца играчи во поле, гостите не можеа да се заканат кон голот на Македонија и така ги забележавме првите три бода.
Македонија упати 12 удари кон противничкиот гол, додека гостите 7. Натпреварот се одигра во салата Гемиџии пред околу 1.500 гледачи. Во првиот натпревар од оваа ,,Е,, група Франција ја совлада Швајцарија со високи 7:0. Утре во второто коло играат Црна Гора – Франција и Македонија – Швајцарија. Првопласираниот од оваа група ќе се квалификува во следната фаза од квалификациите за СП кое догодина ќе се одржи во Тајланд, како и двете најдобро второпласираните екипи од четирите групи.
Tweet |